Фудбалерите на Борнмут во интересен меч го „нокаутираа“ Евертон со 4-1 во ФА-купот, додека лесна победа запиша Лестер против Њупорт со 3-0.
Борнмут по седум минути го постигна водечкиот гол во првото полувреме, а предноста ја дуплира Станислас на стартот на второто полувреме. Надежта на гостите ја врати Греј во 67. минута со погодокот за 1-2, но сепак Маркондес и Ентони во продолжение стрелаа за конечни 4-1.
Лестер беше одличен против Њупорт, па со два гола на Варди и еден на Џасти се избори за осминафинале во ФА-купот.