Горан Пандев е првиот Македонец кој постигнал 100 голови во некоја од најдобрите пет лиги во Европа.
Пандев првиот гол го постигна во дресот на Анкона, а потоа даваше голови за Лацио, Интер, Наполи и во последните години во Џенова.
Италијанските медиуми му симнуваат капа, Франческо Пиетрела од „Газета дело Спорт“ Пандев го нарече Хајлендер, големиот Горан од Македонија и упати уште низа пофалби за Македонецот.
Најмногу од овие 100 голови Пандев ги има постигнато во дресот на Лацио (48), па за Џенова (27), следува Наполи (19), Интер (5) и Анкона (1).
Пандев има 469 натпревари во Серија А, иако никогаш не бил прв напаѓач според позицијата, тој дојде до бројка од 100 голови.
Тие 100 голови се распоредени во мрежите на 34 клубови, најмногу му дал на Ливорно, седум голови, на Јувентус, Џенова, Удиднезе и Каљари по шест, на Лацио, Торино, Реџина по пет, на Интер четири….
Погледнете ги сите 100 голови на Пандев: