Репрезентацијата на Белгија славеше на домашен терен со 6-1 против Полска, а победи запишаа и селекциите на Холандија против Велс (2-1), Украина против Ирска (1-0) и Шкотска со Ерменија (2-0).
Роберт Левандовски го отвори резултатот за Полска во 28. минута (1-0), но радоста на Полјаците ја расипа Витсел, кој погоди во 42. минута за 1-1.
Во вториот дел се случи целосен распад на гостите, а Белгија ја полнеше нивната мрежа најпрво преку Де Брајне и Тросар, кој постигна два гола. До крајот на мечот беа постигнати уште два гола, а беа дело на Дендонкер и Опенда, кои ги поставија конечните 6-1.