Холандија во драматична завршница го победи Велс со 2-1, а сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Копмајнерс стрелаше за 1-0, а во судиското надополнување Норингтон-Дејвис погоди за 1-1. Сепак, кога Велс помисли дека ќе освои барем бод, на сцена стапи Вегхорст и ја затресе нивната мрежа за триумф од 2-1.
Холанѓаните се лидери во групата со шест бодови, додека по три имаат Белгија и Полска, а Велс е без бодови на последното место.
Шкотска беше подобра од Ерменија со 2-0, додека Украина ја совлада Ирска со 1-0, па така овие две селекции ги запишаа првите победи во нивната група и се на делба на првата позиција со по три бода, колку што имаат и Ерменците, додека Ирска е без бодови.