„Сините“ играа добро од самиот почеток на натпреварот, а белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку промаши неколку добри шанси, но конечно го скрши малерот во 32. минута, кога среќно дојде една топка до него и без проблеми ја испрати во мрежата на Ал Хилал за водство од 1-0 на полувреме.
Ал Хилал заигра поквалитетно во вторите 45 минути, при што се закани неколку пати кон голот на Челси, а една од најголемите шанси за израмнување остана неискористена затоа што Кепа беше на висина на задачата и го спаси премиерлигашот.
Челси во финалето на Светското клупско првенство ќе игра против Палмеирас, кој претходно беше подобар од Ал Ахли со 2-0.
https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1491457840820944898?s=20&t=DqXIbXe8ZHR_-sAKiCD9Rg