Лајпциг ја искористи шансата, го победи Аугсбург со 4-0 на домашен терен и се наоѓа четвртото место на табелата во Бундес-лигата, на чекор до пласман во Лигата на шампионите.
Андре Силва во 40.минута го отвори резултатот, а Кристофер Нкунку во вториот дел постигна два гола и го реши победникот. Емил Форбсерг од пенал во 64.минута го постави конечниот резултат, 4-0.