Голден Стејт го прегази Мемфис со 142-112 во полуфиналето од плејофот во Западната конференција во НБА-лигата.

Вориорс сега водат со 2-1 и следниот натпревар го играат на домашен паркет. Стеф Кари со 30 поени беше најефикасен во домашниот состав, Џордан Пул запиша 27 поени, а Клеј Томсон имаше 21 поен. Кај Гризлис најдобар беше Џа Морант со 34 поени, но младиот кошаркар предвреме го заврши натпреварот поради повреда на коленото.

 

Милвоки исто така поведе со 2-1 против Бостон, откако синоќа на домашен паркет запиша триумф од 103-101 во неизвесен натпревар. Ал Хорфорд погоди во последните моменти од средбата за израмнување откако Маркус Смарт намерно промаши слободно фрлање, но поените не важеа, бидејќи времето истече и поените беа нерегуларни. Јанис Адетокумпо со 42 поени и 12 скока беше најдобар кај Бакс, а му недостигаа уште две асистенции за трипл-дабл. Џејлен Браун со 27 поени најмногу се истакна кај Селтикс.