Минесота тимбервулфс го потврди настапот во плејин-турнирот во НБА-лига, откако без проблеми, како гости го совладаа Сан Антонио спарс (151-131) во меч без одбрани.

Динамичен натпревар со многу поени беше најавен во првото полувреме,  се играше без дефанзивни задачи што резултира со водство на „волците“ со резултат  (80-68). Таквата игра придонесе дури 13 кошаркари од двете екипи да има двоцифрен број поени, меѓу кои најефикасен беше Едвардс од победничкиот тим со 33 поени.

Важна победа оствари ЛА клиперс, во пресметката на домашен терен со Портланд трејлблејзерс (136-125). Тимот од Лос Анџелес со овој триумф со една нога се пласира директно во плејофот без да мора да игра во баражот плејин. „Клиперси“ сега имаат скор 43-38 и потребна им е победа во последниот натпревар за да дојдат до целта.

Јута џез го совлада Денвер нагетс (118-114) во дуел кој немаше резултатско значење. „Џезерите“ веќе немаат шанси за доигрување, а противникот одамна е сигурно прв на Западот.

Вечерва се играат сите средби од послендото коло во НБА со што и официјално ќе заврши регуларниот дел од сезоната.