Кошаркарите на Партизан од Белград по голема борба завчера како гости, го совладаа францускиот Монако (88-84) во драматичен и до крај неизвесен натпревар, кој беше решен со лудата тројка на Кевин Пантер во последната минута.
Ова донесе ерупција од одушевување во црно-белиот тим, навивачите на белграѓани, но помалку неочекувано на Хрватот кој ја коментираше средбата за една од регионалните спортски телевизии.
„Па – па – па – па – Пантер“, викаше коментаторот по мајсторијата на капитенот на белграѓани.
Партизан со оваа победа и официјално се најде во плејофот од Евролигата, а во последното коло, во кое игра дома против Панатинаикос, ќе оди на победа за што подобар пласман, со можност да се искачи дури и до петтата позиција.