Кошаркарите на Црвена звезда и дефинитивно се збогуваа дури и со теоретските шанси за пласман во плејин-турнирот во Евролигата, откако на домашен терен во Белград загубија и од Панатинаикос (76-89).
Тоа беше шести по ред пораз за црвено-белите во најсилното европско клупско натпреварување, и уште една нова потврда за големата криза и промашената сезона, барем на евролигашки план. Грците беа подобар противник во сите 40 минути и очекувано лесно дојдоа до посакуваната победа. Поранешниот партизановец, Матијас Лесор, со 19 поени беше најпрецизен кај зелено-белите од Атина, додека Дејан Давидовац со ист број поени беше најефикасен кај белграѓани.
Ц. Звезда останува трета одзади на табелата во Евролигата со скор 10-20, додека Панатинаикос се врати на третата позиција со учинок 19-11, каков што имаат уште Фенербахче и Монако.