Израелскиот кошаркар во редовите на Партизан, Јан Мадар го постигна еден од најчудните кошеви кои се видени на кошаркарските терени.

Реал Мадрид го имаше водството, па кошаркарите на Партизан вршеа жесток притисок за брзо да ја одземат топката. Таа беше во рацете на Најџел Вилијамс Гос кога Мадар ги крена рацете за да спречи додавање, но топката од неговите раце заврши во кошот на противникот.