Кошаркарите на Партизан и Реал Мадрид ќе играат мајсторка во среда во Мадрид за пласман на фајнлфорот во Каунас (Литванија), откако „кралскиот клуб“ победи во Белград и израмни во серијата на 2-2, после триумфот со 85-78.
Белграѓани уште од стартот се најдоа во негатива и постојано истата ја бркаа, само двапати на натпреварот беа во водство, а во завршницата по две грешки на Вилијамс-Гос се врати на на минус два на 80 секунди пред крајот, но Валтер Тавареш со кош и со дополнително слободно фрлање во финишот ја обезбеди победата, а црно-белите беа непрецизни за вторпат да загубат во овој четвртфинален плејоф.
Зек Ледеј со 25 поени беше најефикасен кај Партизан, а Папапетру додаде 18 поени, додека Адам Ханга и Тавареш погодија по 15 кај Реал Мадрид, додека Габриел Дек даде 14 поени во триумфот.
Макаби Тел Авив со 104-69 го здроби Монако за да израмни во серијата и да се избори за мајсторка во кнежевството.