Њукасл Јунајтед радосно се враќа од тешкото гостување кај Астон Вила по победата од 1-3 (0-2), во дуел од 22. коло на Премиер лигата. Фудбалерите на Еди Хау успеаја да победат на „Вила Парк“, но поради повреда го загубија и единствениот напаѓач Александер Исак.

 

Хау не може да смета на целата напаѓачка линија, повредени се Жоелинтон, Вилок, Вилсон, а сега и Исак. Поради тоа експериментално во шпицот играше Алмирон. Херој на победата сепак бешеиграч од одбраната, стоперот Фабиен Шар. Тој во првото полувреме успеа да постигне два гола за Њукасл и донесе двојна предност.

На стартот на продолжението Морено си даде автогол и практично го реши натпреварот. Астон Вила преку Воткинс намали на 1-3, потоа имаше и поништен гол па не успеа да направи нешто повеќе.

Лутон оствари убедлива победа (4-0) против Брајтон, а херој беше Елија Адебајо кој постигна хет-трик. За Лутон погоди и Огбене, а одбраната на Брајтон беше на големи маки.

Кристал Палас го победи Шефилд Јунајтед со 3-2, двоен стрелец беше Езе, а победничкиот гол го постигна Олисе.