Реал Мадрид и Ал-Хилал ќе играат во финалето на Светското клупско првенство, а секако дека шпанскиот гигант е апсолутен фаворит за трофејот. Победникот на овој меч ќе го има приматот најдобар клуб во светот.

Ако Кралскиот клуб е очекувано во финалето, Ал-Хилал е тимот кој направи голема сензација во полуфиналето, откако со 3:2 го елиминира бразилскиот гигант Фламенго. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти објасни која е една од причините што Фламенго загубил во полуфиналето.

„Фудбалот се менува бидејќи постојат многу клубови во светот што постојано напредуваат, сакаат да се надигруваат и да победуваат. Изненаден бев што Фламенго загуби, но тоа е тим кој не е во натпреварувачки ритам затоа што првенството во Бразил допрва треба да започне, па физичката подготвеност на тие играчи не може да биде на исто ниво како на фудбалерите кои се дел од екипи чија сезона е во полн ек“, објасни Анчелоти.

Ал-Хилал е прв тим од Саудиска Арабија што ќе игра во финале на Светско клупско првенство. Овој клуб е голем ривал на Ал-Наср на Кристијано Роналдо..

Како предигра на финалето, ќе се игра и мечот за трето место меѓу Ал Ахли и Фламенго.