Низ шпанските медиуми се појавија информација дека катарските сопственици креваат раце од ПСЖ и дека по завршувањето на Светското првенство ќе го продадат клубот. Еду Агире, новинарот на програмата „Ел Чирингито“, излезе со информација дека шеиците се откажуваат и го напуштаат клубот, а меѓу нив за заминување се подготвува и првиот човек на клубот Насер Ал Келаифи.
Таа вест е претставена и низ контекстот за продолжението од кариерата на Килијан Мбапе, кој наводно е решен во намерата да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид. Дали ќе се обвистинат пишувањата на Агире, тоа е навистина непознато, особено бидејќи францускиот напаѓач би можел да остане во Париз.