Најдобрите 32 селекции на светот во недела тргнуваат во едномесечна битка за најпрестижниот фудбалски пехар, „златната божица“ за светски првак, ама Мундијалот во Катар ќе помине без многу ѕвезди.
И најпознатиот сајт за трансфери „Трансфермаркт“ го склопи најдоброто од тоа што ќе отсуствува, некој поради повреди, некој поради селекторски избор, некој од причина што не се квалификувале. Вредноста на тимот е безмалку пола милијарда евра, а според квалитетот, кога би излегле на терен со еден Пеп Гвардиола на клупата, би биле сериозен конкурент за светскиот трон.