Репрезентативецот Марјан Радески го одлучи натпреварот, откако четири минути пред крајот го постигна победоносниот гол со глава и ја обезбеди победата за стружани, кои со 15 бодови се втори.
Тој се снајде најдобро во мешаницата пред противничкиот гол во 86.минута и успеа да ја затресе мрежата на Воска.
Струга ТЛ сега се доближи на само бод од лидерот Шкендија, а има два одиграни натпревари помалку поради настапите на европска сцена.