Поранешниот италијански шампион Јувентус славеше против Лече со 1-0 и така скокна до второто место на табелата во Серија А.
Јувентус го контролираше натпреварот, но се мачеше во нападот и реализираше само една од шансите кои ги имаше. Аркадиуш Милик беше херој на „бјанконерите“ вечерва откако во 57. минута ја затресе гостинската мрежа за триумф од 1-0.
Интер останува на врвот со 15 бода, по што следи Јувентус со 13, Милан со 12 и Лече со 11 во топ-4.
https://x.com/SportWrap443/status/1706771586727006504?s=20