Шалке на нашиот Чурлинов славеше со 2-1 на гостувањето кај Сандхаузен во рамки на 32.коло во Втората Бундеслига.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше во почетниот тим на гостите и играше се до 94.минута, кога беше заменет. Симон Тероде погоди за 0-1 во 71.минута, но домашниот тим израмни во 83.минута. Во судиското продолжение Тероде, кој е најдобар стрелец во лигата, погоди за 1-2 и голема радост на фудбалерите од Гелзенкирхен.
Шалке на врвот на табелата има 59 бодови, два повеќе од Вердер Бремен, додека Дармштад е трет со 54 бодови, но и натпревар помалку. До крајот на сезоната има уште две кола.