Крилниот напаѓач на Барса, Усман Дембеле по завршувањето на оваа сезона е слободен агент, бидејќи ќе му истече договорот со Барселона.
Французинот иако има желба да остане на „Камп Ноу“, каде под водство на тренерот Чави ја врати својата врвна форма, сепак ПСЖ му нуди огромни пари. Според шпекулациите, „светците“ се подготвени да му дадат четиригодишен договор вреден 17 милиони евра по сезона и плус бонус за потпис.
Тоа реално е понуда која тешко се одбива, бидејќи Барселона не може ни одблизу да понуди сличен договор. Дембеле дојде во Каталонија во 2017 година за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд, но честите повреди го спречија да го покаже својот извонреден талент.