Неговите одлични настапи на голот на Рајо Валјекано не останаа незабележани од другите клубови.
„Искрено да ви кажам, работите беа завршени, само од Барселона требаше да си замине вториот голман Нето. Тој од некои причини одби да си оди па поради тоа не се реализираше мојот трансфер. Од мојата страна сè беше завршено и договорено“, вели Димитриевски.
Има договор со малиот клуб од Мадрид до јуни 2024 година, но амбицијата на македонскиот репрезентативец е да направи трансфер во поголем клуб што се натпреварува во меѓународните купови.
„Среќен сум кога се зборува за мене дека можам да преминам во такви клубови. Одлуката беше лесна, бидејќи имав одлична сезона, се надевам дека на лето, не знам дали Барселона или некои други големи клубови, би можеле да дојдат по мене. Пресреќен сум, бидејќи оваа сезона направив нешто добро“, додава нашиот интернационалец.