Фудбалерите на Ал Ахли го совладаа Рајо Казабланка во првиот четвртфинален натпревар со 2:1, а натпреварот го одбележа скандалозна судиска одлука.
По еден центаршут од Ал Ахли, ВАР собата го повика главниот судија да го погледне видеото, бидејќи наводно фудбалерот на Рајо Казабланка играл со рака во шеснаесетникот. Иако на видеото јасно се гледа дека топката го удира во ногата и дека не станува збор за пенал, сепак судијата поинаку гледа. Досуди пенал и направи тотален хаос на теренот.
Ниту тука не застана, му даде црвен картон на играчот кој наводно беше виновен за пеналот.