Фудбалерите на Лил направија чекор назад во трката за место кое води во ЛШ, откако денеска загубија на гостувањето кај најслабиот тим во француската лига.
Гостинските фудбалери беа подобри на теренот од ривалите, но не ги искористија своите шанси пред голот на Анже, а казната стигна во 84. минута кога Халид Шабановиќ беше стрелец за 1-0.
Лил има 52 бода на петто место во Лига 1, односно осум помалку од третопласираниот Марсеј.