Селекцијата на Мароко приреди ново изненадување на Светското првенство во Катар, откако со 2:0 ја совлада официјално третата репрезентација од претходниот Мундијал, Белгија.

Резултатот го отвори Абделхамид Сабири во 73-та минута, а победата ја завери Закарија со што дополнително се закомпликува ситуацијата во групата Ф. Со победата, Мароканците се први по две кола со 4 бода, Белгија има 3, а додека Хрватска и Канада од 17 часот го играат својот меѓусебен меч од второто коло.

Сабири голот го постигна од слободен удар, а голем кикс направи голманот на Реал Мадрид и на Белгија, Тибо Куртоа, кој не го следеше летот на топката најдобро и дозволи таа да влезе во неговата мрежа.

 

 

Конечниот резултат го постави Закарија по одличната асистенција на Хаким Зијех во судиското продолжение.

Мароканците постигнаа уште еден гол, и тоа од слободен удар во 45-та минута, но им беше поништен поради офсајд.