Ужасни сцени се случија во Бразил по мечот меѓу Коринтијанс и Сантос, кога се степаа хулигани на двете екипи, а загина едно 20-годишно момче.
На социјалните мрежи се појави видео на кое можеше да се забележи како се користат тврди предмети, а полицијата уапси над 70 хулигани.
„Учесниците во тепачката се приведени, добивме повик за интервенција поради инцидент, но за жал едно лице почина“, соопшти полицијата.