Поранешниот менаџер на Тотенхем, Тим Шервуд е убеден дека Кристијано Роналдо ќе биде новиот тренер на Манчестер Јунајтед.
Шервуд верува дека Португалецот ќе ја преземе таа улога во следните 18 месеци.
Роналдо се врати во Јунајтед по 12 години, откако играше за Реал Мадрид и Јувентус.
По само три натпревари за Јунајтед, Роналдо веќе има ефект од четири постигнати голови, но Шервуд верува дека наскоро ќе ја заврши својата игра и веднаш ќе ја започне тренерската кариера.
Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е под поголем притисок, особено откако испадна од Лига купот од Вест Хем на домашен терен. Шервуд го гледа Роналдо како негов наследник .
“Го гледам Роналдо како тренер на Манчестер Јунајтед во следните 18 месеци. Го видовме на ЕУРО како им дава инструкции на играчите. Тој човек ќе биде тренер сто проценти. Кога и да ја заврши кариерата, ќе започне да работи како тренер. Тоа ќе биде автоматски избор. Ако ја освојат Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА купот, кој било од горенаведените трофеи, тогаш Солскјер ќе остане во клубот. Ако не освојат ништо, ние веќе имаме нов тренер во најава “, рече Шервуд.