Тренерот на Милан, Стефано Пиоли има интересна идеја.
Кога Пиоли беше запрашан како денешниот фудбал може да биде поинтересен и подобар тој имаше подготвен одговор.
Пиоли рече дека враќањето на топката треба да биде забрането.
“Ако сакаме да гледаме повеќе напаѓачки фудбал во модерната ера, мора да воведеме ново правило. Со воведување на правилото дека топката не смее да се врати на својата половина штом ќе ја минете линијата на половина, тоа ќе го направи фудбалот повеќе интересно “, рече Пиоли.