Со резултат 1:1 заврши вчерашниот натпревар од 33. коло на италијанското фудбалско првенство помеѓу Јувентус и Болоња во Торино. Гостите од Болоња беа блиску до првата победа против Јувентус по 11 години, до петтата минута од продолжението водеа со 1:0, но потоа Влаховиќ успеа да спаси бод за домашните.
Болоња беше во водство од Арнаутовиќ во 52. минута, а гостите мирно ја одржуваа таа предност до 84. минута, кога во иста акција останаа без двајца играчи.
Со двајца играчи помалку Болоња одолеваше до петтата минута од продолжението, а потоа Влаховиќ сепак успеа да ја турне топката во голот и со тоа да му донесе барем бод на својот тим.
По натпреварот една сцена стана вирална на социјалните мрежи прикажувајќи една лудорија на Кјелини, но не е јасно за која минута се работи. На видеото се гледа како Дибала збунето го гледа Кјелини додека искусниот стопер на Јувентус прави необични гримаси гледајќи во него. Засега не е јасно за што се работи.
https://twitter.com/nocontext__juve/status/1515388896099581962?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1515388896099581962%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fsto-je-to-chiellini-radio-usred-utakmice-cak-ga-je-i-dybala-gledao-u-nevjerici%2F2356892.aspx