Натпреварот од првото коло од НБА плеј-офот меѓу Мемфис Гризлис и Минесота Тимбервулвс ќе биде запаметен повеќе по настанот што се случи надвор од теренот отколку по она што се случи на паркетот. Имено, натпреварот накратко бил прекинат бидејќи непозната жена била врзана со синџири за кош.
Таа го направи тоа во знак на протест против фармата за кокошки во сопственост на Минесота.
Жената носела маица со натпис „Глен Тејлор пече живи животни“, а засега останува нејасно како демонстранката која синоќа се врза за конструкцијата од кошот успеа да ги внесе синџирите во салата за да го стори тоа.
https://twitter.com/cjzer0/status/1515433046593478659?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1515433046593478659%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-zena-se-na-nba-utakmici-vezala-za-kos-u-znak-prosvjeda-protiv-farme-pilica%2F2356904.aspx