Хокеар на рускиот прволигаш Салват Јулаев, чие име не се објавува, останал без планираната операција во Финска, откако бил известен дека тамошните лекари одбиле да му помогнат само зашто бил – Русин.
Спортскиот директор на хокеарскиот тим од Русија ја објави оваа вест, обвинувајќи ги Финците за расизам.
„Операцијата беше закажана пред одреден период, но во последен момент ни се јавија од Финска и нѐ известија дека одбиваат повеќе да лечат руски граѓани. Секако дека можеме да ги тужиме, но јасно е дека судот ќе пресуди на нивна страна. Ова е чист расизам, а во Америка тоа е најопасната работа. Ова не е спорт, ова не е политика, тука се работи за обична човечност“ изјави Баширов.
За Салват од почетокот на сезоната настапуваа четири фински хокејари, но тие веднаш го напуштија тимот по руската инвазија врз Украина.