Првата победа за хокеарите на Швајцарија дојде во вистинско време. Швајцарија во осминафиналето ја победи Чешка со 4:2 за изненадување и место меѓу осумте најдобри .
Хокеарите на Швајцарија се пласираа во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Пекинг откако во дополнителната осминафинална рунда ја совладаа фаворизираната Чешка со 4:2.
Ова е прва победа на Швајцарија на турнирот бидејќи во групата беше поразена од Русија , Данска и Чешка по продолженија, но сите репрезентации од групите одат во осминафиналето па добија шанса и ја искористија.
Чесите поведоа на овој натпревар со голот на Лукаш Клок по десет минути игра, но потоа целосно застанаа и останаа без гол до четири минути до крајот на натпреварот.
За тоа време, Швајцарија направи пресврт и постигна четири гола, Амбул, Мотет, Малгин и Дијаз погодија за 4:1 и решение на натпреварот. На крајот Чешка остана само со почесниот гол на Червенка од power play.
Швајцарците одлично ја контролираа својата дисциплина и имаа само две исклучувања во целиот меч, од кои едното на крајот го искористи Чешка, но предоцна. Чесите упатија дури 33 шута со очајни шест отсто успешност, додека Швајцарците беа попрецизни, но и порационални во нападите со 4/18.
Секако прво име на натпреварот беше Леонардо Џенони, швајцарскиот голман кој одбрани 31 удар . Швајцарија во четвртфиналето ќе игра со Финска.
Хокеј ЗОИ, осминафинале:
Швајцарија – Чешка 4:2