Јарл Магнус Рибер, лидерот во нордиска комбинација по скоковите, долго ќе ги памети Зимските олимписки игри во Пекинг каде испушти злато и му го препушти на Јорген Грабак откако залута во трчањето .
Норвежанецот Јорген Грабак го освои олимпиското злато во нордиска комбинација во комбинација од големата скокалница и трката на 10 километри, додека лидерот по скоковите Јарл Магнус Рибер остана без медал поради глупава грешка.
Претходно, Рибер, кој беше позитивен по пристигнувањето во Пекинг и ослободен од изолација дури во понеделникот, направи монструозен скок од рекордни 142 метри за да заработи предност од 44 секунди во трчањето. Но, Рибер погрешно заврти на крајот од првите 2,5 километри од кругот, мораше да се врати наназад и го прокоцка водството.
Ова го искористи Грабак, сребрениот од последното натпреварување и златниот од Сочи во 2014 година, кој крос-кантри трката ја започна на 12-то место, со неверојатни две минути и седум секунди помалку од Рибер. Но, 33-годишниот натпреварувач одлично го темпираше последниот напад и победи пред сонародникот Јенс Офтебро и Јапонецот Акито Ватабе.
Германија, која ги освои сите медали во оваа дисциплина во 2018 година, го имаше Мануел Фаист како најдобро четврто пласиран, додека исцрпениот Рибер заврши на осмото место. Трката беше одложена за 30 минути, но температурите паднаа под -20 Целзиусови, што е официјално температурата под која вообичаено се одложуваат трките во крос.
Нордиското комбинирано екипно натпреварување е закажано за четврток.