Норвешкиот скијач Александар Омот Килде е победник на спустот што се одржа во рамките на Светскиот куп во Кицбил, Австрија.
Тој до победата на патеката „Штрајф“ дојде со време 1:55,92 минути и со тоа го оствари вториот последователен триумф во спуст по победата во Венген.
Ова е 12-та победа на Норвежанецот во Светскиот куп и шеста во спуст. Второто место го зазеде 41-годишниот Французин Јохан Клари, кој стартуваше како 17-ти.
Заостана 0,42 секунди од победникот. Изненадувачки, на последното место на победничкиот подиум се искачи уште еден француски скијач Блез Гизенданер, кој стартуваше со стартниот број 43 и заостана 0,63 секунди зад Килде.
Килде сега води во поредокот за спуст со 405 бодови, Австриецот Матијас Мајер (четврти на денешната трка) со 352 бода е на второто место, додека Швајцарецот Бит Фојц е трет со 337 бодови.
Во генералниот пласман на Светскиот куп води Швајцарецот Марко Одермат со 1.120 бодови, Килде е втор со 785, а на третото место е Мајер со 642 бодови.
Во сабота во Кицбил е закажана трка во слалом.