Победник на последниот велеслалом во сезоната е Марко Одермат, Швајцарецот кој сезонава апсолутно доминираше во оваа дисциплина .

Рутински и убедливо Марко Одермат стигна до петтата победа во велеслалом сезонава. Швајцарецот беше лидер по првото возење, одлично се снајде и во второто возење и без проблем стигна до нова победа.

Одермат веќе ги обезбеди Големиот и Малиот кристален глобус во велеслалом, а тука само ја зацврсти својата доминација оваа сезона.

Второто место му припадна на Норвежанецот Лукас Браатен, додека Швајцарецот Лоик Мелард заврши како трет на подиумот. Третопласираниот од првото возење, Џастин Мурисје падна на деветтото место.

 

Велеслалом:
1. Марко Одермат (Швајцарија) 2: 10.40
2. Лукас Браатен (Нор +0,49
3. Лоик Мејард (Швајцарија) +0,63
4. Стефан Бренштајнер (Аут) +0,74
5. Џино Кавизел (Швајцарија) +0,88
6. Алексис Пинтураулт (Фра) +0,92
7. Патрик Феурштајн (Аут) +1,16
8. Атле Ли Мекграт (Нор) +1,18
9. Џастин Мурисје (Швајцарија) +1,43
10. Александар Стин Олсен (Нор) +1,44
10. Марко Шварц (Аут) +1,44
12. Александар Аамод Килде (Нор) +1,57
13. Ерик Рид (Кан) +1,70
14. Филип Зубчиќ (Хрватска) +1,71
15. Тревор Филп (Кан) +1,75
16. Мануел Фелер (Аут) +1,96
17. Жан Крањец (Сло) +2.03
18. Александар Шмид (Германија) +2,19
19. Расмус Виндингштад (Нор) +2,28
20. Тибо Фаврот (Фра) +2,58
20. Река Радамус (САД) +2,58
22. Матје Фејвр (Фра) +2,60
23. Лука Де Алипрандини (Ита) +3,15