Германскиот ски-скокач Карл Гајгер победи во Нојштад , во рамките на Светскиот куп .
Германецот до победата стигна со скокови од 131 и 143 метри, кои му донесоа вкупно 282,7 поени.
Втор беше Словенецот Анже Ланишек со 2,2 поени зад Гајгер, додека на третата позиција стигна Германецот Маркус Ајзенбихлер со 275,3 поени.
Гајгер со победата го сочува првото место во генералниот пласман на Светскиот куп со 1097 бодови. Втор е Јапонецот Риоју Кобајаши со 1036, додека на третата позиција е Норвежанецот Халвор Гранеруд со 785 бодови.