Четвртиот медал на ЗОИ за Словенија го освои Котник, која во малото финале ја победи Мишел Декер како најголемо изненадување. Оваа 32-годишна Словенка никогаш не била на победничкиот подиум во кариерата, па ова ѝ е остварување на сонот.
Минатата година стана мајка, па беше неколку месеци надвор од спортот, а се врати на неверојатен начин и тоа со олимписки медал. Ниту таа не очекуваше солзи радосници, но сепак направи неверојатен пресврт, иако во 2020 година не знаеше ниту дали ќе ја продолжи кариерата.
„Мојот живот во последните години беше интензивен. Секогаш сум била полна со енергија, трчав, тренирав, напорно работев, патував… Од тоа се скршив, не научив ништо од тоа искуство. Се чувствував уморно по секој мал напор. Не можев да спијам без таблети против болки, немаше ден без болка и мака. Замислете професионален спортист кој не може да се качува по скалите“, кажа Котник.
Глорија во тој момент бараше спас на доктори, а на крајот разбра дека животот треба драстично да ѝ се промени, па се посвети на себе и одвои време за своите најблиски, а потоа стана и мајка. Меѓутоа, набрзо се врати на спортот, а конечниот епилог од тоа е бронзен медал.