Михо Такаги, јапонскаta брзо лизгачка, го освои златото на трката на 1.000 метри со нов олимписки рекорд за нејзиниот четврти медал .
Јапонката Михо Такаги освои златен медал во брзо лизгање на трката на 1.000 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг со време на нов олимписки рекорд од 1:13.19.
Тоа е нејзин четврти медал на Игрите во Пекинг. Беше сребрена на 500 м, 1500 м и на дофатната трка.
Среброто го освои Холанѓанката Јута Лердам (1:13,83) и ова е нејзин прв олимписки медал во кариерата.
Светската рекордерка, Американката Британи Боу (1:14,61) се закити со бронзата, а пред четири години беше бронзена во дофатната трка.