Финска го доби противникот во финалето на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг. Русија беше подобра од Шведска во полуфиналето по пенали .

Очекувано квалитетен и неизвесен дуел одиграа Русија и Шведска, а на крајот Русите беа поуспешни. Победник немаше ни по продолженијата, па се изведуваа пенали каде Русија славеше во осмата серија.

Натпреварот севкупно беше целосно изедначен, секоја екипа имаше свои подобри моменти и фер беше што никој не победи во 60 минути.

Русите поведоа во 15. секунда од втората делница,кога со голот на Антон Слепишев дојдоа до предност.

Водеа до 47. минута кога Шведска врати со голот на Антон Ландер, поранешен соиграч на Слепишев од Едмонтон Ојлерс.

До крајот на натпреварот немаше голови , немаше ни по продолженијата и следуваа пенали. Шведска беше на прагот на победа, но во петтата серија Јегор Јаковљев погоди за 2:2 и продолжи неизвесноста. Нов гол се чекаше до осмата серија, кога младиот Арсениј Грицјук беше прецизен и ја однесе Русија во финалето.

Бранителот на титулата на тој начин ќе се бори за третото место против Словачка, а Русија во финалето ќе игра против Финска.

Полуфинале:
Русија – Шведска 3: 2 пенали (1: 1)