Македонскиот репрезентативец Бобан Николов уште еднаш покажа дека е еден од клучните играчи во тимот на Шериф Тираспол. Тим кој што есеноска играше во Лигата на Шампионите, а вчера во првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на Европа, дома успеа да ја победи силната Брага со 2:0. И Николов се разбира беше во “елемент“, беше стартер и одигра 89.минути. Ова за него беше европски натпревар со најголема минутажа.
Нашиот репрезентативец, еден од нашите најдобри фудбалери, по вчерашниот меч и триумф над португалскиот тим,изјави…
“Одигравме квалитетен меч, јасно е дека Брага е силен тим, но ние имаме зад себе оваа сезона во Европа и победа над Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабеу“, така да и Шериф и тоа како поседува квалитет, тоа не е тајна. Предноста од 2:0 по синоќешниот меч е голема, но не и доволна. Имаме добра шанса, ние сме на чекор до пласман во 1/8 финалето, но не чека тешка борба во Португалија на реваншот“ .
Добра вест за сите во нашата репрезентација пред бараж дуелот со Италија, а посебно за селекторот Благоја Милевски, е таа дека сега Николов е целосно фит и во добра форма. Минатата есен имаше проблеми со короната, па се повреди, но сега е спремен да го одигра историскиот дуел во Палермо ,во баражот со Италија.