Финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид на „Стад де Франс“ во Париз почнаа со долго задоцнување поради лошата организација. Имено, голем дел од навивачите на Ливерпул со часови беа пред стадионот и голем дел од седиштата останаа празни бидејќи не успеаја да влезат навреме.

Многумина разочарани се одлучија на радикални потези, па на социјалните мрежи се прошири серија видеа на англиски навивачи кои ги прескокнуваат заштитните огради и шалтери на влезовите, се судираат со редарите и полицајците и трчаат кон трибините.

На Твитер денеска беше објавено и видео кое ги потврдува сомнежите дека француската полиција употребила прекумерна сила пред стадионот. На него се гледаат навивачите на Ливерпул, кои мирно стојат во ред и чекаат со билетите за да бидат скенирани, кога одеднаш полицаец ги прска со солзавец директно во очите.