Серхио Перес од Ред Бул е победник на денешната трка низ улиците на Монте Карло за ГН на Монако во Ф1. Трка која беше во најмала рака хаотична, прво поради силниот дожд доцнеше час и половина. Па потоа дојде до страшниот судир на Мик Шумахер со болидот на Хаас кој се преполови, секако и грешката во боксот на Ферари по која Шарл Леклер го загуби првото место.

И кога е така, кога има дожд и онака тешката патеката во Монте Карло, попладнево беше уште потешко да се вози. Беше интересно во секој случај, но на крајот сите грешки и киксови на своите ривали ги искористи Перес и успеа да дојде до првото место. Ова за него е третата победа во Ф1 во неговата кариера.

Да кажеме дека не се извозеа сите 77 кругови поради временскиот период, па така и тоа му одеше во прилог на Мексиканецот.

На втората позиција се најде Карлос Саинц од Ферари, а трет Макс Верстапен од Ред Бул. Леклер заврши како четврти и остана без подиум.