Бугарија во последните неколку години и циклуси има ужасни резултати, па јавноста ја загуби вербата во националниот тим, но Петров сега бара поддршка за да се почне победнички новиот циклус и полека таа загубена доверба да почне да се враќа.
„Јас се надевам дека ќе имаме голема поддршка од навивачите, ни треба таква поддршка. За да бидеме голем тим, мора да си поставиме високи цели и не гледам како би растеле како тим ако нема такви високи цели. Целта досега беше да го подмладиме тимот, сега имаме екипа која е добар спој на младост и искуство и дојде времето за резултати. Се надевам дека поуките од контролката со Хрватска ги извлековме и сега против Макеоднија треба да бидеме агресивни, дрски и умни“, вели Петков.