Англискиот првак Манчестер сити е апсолутен фаворит против Спортинг Лисабон, колку и Пеп Гвардиола да се обидува да го тргне притисокот од себе и своите фудбалери дека „не се најдобриот тим на светот“, па откако лани во мај дојдоа на чекор до европската круна и загубија од Челси во финалето, многумина очекуваат сезонава четата на Пеп да го направи последниот исчекор кон трофејот и да се оправдаат преку 1,5 милијарди евра инвестирани за една деценија за да се дојде до највредниот пехар.
Сити во Премиерлигата е незадржлив и колку и да е Спортинг незгоден посебно на домашен терен, сепак, сѐ освен победа за „граѓаните“ би било изненадување.
„Јас од прв ден кажувам дека ние сами со себе се натпреваруваме и ако се опуштиме имаме проблеми, како во последното коло во групите со РБ Лајпциг. Секој три дена е нов предизвик за нас и веќе со години е истото, колку самите ќе бидеме фокусирани, таков резултат ќе добиеме“,изјави стратегот на Сити Пеп Гвардиола.
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – МАНЧЕСТЕР СИТИ
„Жозе Алваладе“, Лисабон, 21 часот
СПОРТИНГ Л.: Адан – Инасио, Коатес, Федал – Педро Поро, Палиња, Матеус Нуњес, Матеус Реис – Сарабија, Паулињо, Педро Гонкалвеш
МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон – Стоунс, Рубен Дијаш, Лапорт, Жоао Кансело – Де Брујне, Родри, Бернардо Силва – Марез, Фоден, Стерлинг