Екипата на Барселона ја победи Валенсија со 4-2 во интересна пресметка исполнета со шест гола. Херој на вечерта беше полскиот голгетер Роберт Левандовски кој постигна хет-трик и се погрижи за пресврт и триумф за каталонскиот тим.
Фермин Лопез во 22.минута постигна гол со глава после одличното нафрлување на Рафиња за водство на Барселона, но само пет минути подоцна израмни Хуго Дуро по катастрофалната грешка на Тер Штеген надвор од шеснаесетникот.