Брест славеше со 5-4 против Рен на гости во спектакуларен натпревар со девет голови, најинтересниот натпревар оваа сезона во Лига 1, а со тоа освои бодови кои го носат чекор поблиску до пласман во Лигата на шампиони.

Дуелот почна добро за домаќините, откако Калимуендо погоди двапати за само девет минути, додека Муние потоа намали за 1-2 до крајот на првите 45 минути.

 

 

Омари со автогол ги врати гостите во игра, а потоа погодија Сатриано и Камара за пресврт (4-2). Рен не се предаваше и преку Теате и Терие израмни на 4-4 до 79. минута, но дури во судиското надополнување Брасие погоди за конечни 5-4.

Брест е трет во Лига 1 со 56 бодови, додека Рен остана на седмата позиција со 42 бода.