Тоа ги загрижи навивачите на „црвените“, кои се исплашија дека за фантастичниот навивач веќе е завршена сезоната и дека нема да биде дел од финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид (28 мај). Но, Салах делуваше расположено за време на прославата, а потоа кусо прокоментира.
„Се е во ред, ќе играм. Нема шанси да го пропуштам финалето од ЛШ“, изјави Салах.
Тренерот Јирген Клоп, сепак, со нетрпение ќе ги очекува резултатите од лекарските прегледи, со надеж дека тие ќе го поткрепат оптимизмот на неговиот фудбалер, што ќе значи дека со сите сили ќе може да го нападна европскиот трофеј во големото финале против „кралевите“.