Македонскиот репрезентативец, голгетерот Бојан Миовски оваа сезона има извонредни настапи за шкотскиот тим Абердин, но очигледно му оди добро и надвор од теренот, па реши да ја покаже својата девојка во јавност.
Новиот херој на тренерот Нил Ворнок ги воодушеви навивачите со неговата поубава половина, која доби голем број комплименти преку социјалните мрежи.
„Бојан стрела добро и надвор од теренот“, искоментира еден од навивачите.
Според информациите на англиските медиуми, станува збор за Сара Мардзи, Македонка која моментално живее во Лајпциг.