Раководниот тим на Ливерпул планира на наследникот на Јирген Клоп да му го „даде“ најдобриот можен подарок, еден од најдобрите и најталентирани тинејџери, 16-годишниот напавѓач од Барса, Ламин Јамал.
Според „Ок диарио“, управата на Ливерпул уште сега подготви понуда тешка 100 милиони евра со која налето ќе го тестира трпението на челниците на Барселона.
Во Ливерпул веруваат дека можат да ја убедат управата на Барселона да седне на преговарачка маса и да разговараат за евентуалниот трансфер на Јамал поради големите финансиски проблеми во кои се наоѓа каталонскиот тим.
Но, каталонските медиуми пишуваат дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта нема шанси за ниту една сума да го продаде Јамал кој на синоќешниот дуел на неговиот тим против Гранада (3:3) постигна два гола.