Шкотскиот гигант Селтик е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Јани Атанасов. Преговорите со Хајдук Сплит се отпочнати, а набрзо се очекува и официјална понуда по која одличниот играч за врска би можел да се пресели во Шкотска. Доколку тоа се оствари, Јани Атанасов ќе биде вториот македонски репрезентативец кој летово ќе се пресели во Шкотска, по Бојан Миовски кој веќе тресе мрежи за Абердин.
Јани Атанасов е на радарот на Селтик Глазгов
![Јани Атанасов е на радарот на Селтик Глазгов](https://sportpress.mk/wp-content/uploads/2022/08/jani-atanasov-hajduk-2-1536x864-1-1280x640.jpg)