Бразилецот Антони побарал од раководството на Ајакс да му дозволи трансфер во англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Побарал и клубот да не бара премногу голема сума и постојано да ги одбива понудите на „црвените ѓаволи“. Почнал и со штрајк, односно одбил да тренира револтиран затоа што мисли дека Ајакс го спречува развојот на неговата кариера.
Ајакс вчера одби понуда од 80 милиони евра за Антони, но Манчестер Јунајтед е решен да го доведе и веројатно ќе стигне и до сума од 100 милиони евра.
Бразилскиот крилен напаѓач постигна 25 гола на 81 натпревар во дресот на Ајакс.
Манчестер Јунајтед веднаш штом ќе го комплетира трансферот на Кашемиро, со сите сили ќе тргне по Антони.